Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Путин: Американските санкции ќе донесат одредени загуби, но нема значително да влијаат врз руската економија

/

пред 357 дена

Сподели преку :

Претседателот на Русија, Владимир Путин ги оцени новите американски санкции како непријателски чин кои не придонесуваат за зајакнување на руско-американските односи. Американскиот претседател Доналд Трамп воведе санкции за руските нафтени компании „Лукоил“ и „Роснефт“.

Путин наведе дека поради санкциите ќе има одредени загуби, но оти нема значително да влијаат врз руската економија.

Тој го коментираше и откажувањето на средбата од страна на Трамп, истакнувајќи оти американскиот претседател најверојатно мислел на пролонгирање, а не на целосно откажување.

Путин ги предупреди САД, потенцирајќи дека Русија силно ќе одговори во случај на напад со американски ракети „Томахавк“ врз руска територија.

„Доколку такво оружје се користи за напад врз руска територија, одговорот ќе биде многу силен. Да не кажам зачудувачки. Нека размислат за тоа“, истакна Путин.