Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Путин: Американските санкции нема значително да влијаат врз руската економија

/

пред 356 дена

Сподели преку :

Претседателот на Русија, Владимир Путин новите американски санкции ги оцени како непријателски чин, кои не придонесуваат за зајакнување на руско-американските односи.

Американскиот претседател Доналд Трамп воведе санкции за руските нафтени компании.

Путин наведе дека поради санкциите ќе има одредени загуби, но оти нема значително да влијаат врз руската економија.

-Ова е непријателски чин кон Русија. Тоа е очигледно. Тоа не помага во зајакнувањето на руско-американските односи кои штотуку почнаа да се опоравуваат. Таквата акција на американската администрација сигурно им штети на односите меѓу Русија и САД. Тие, секако, се сериозни за нас, тоа е јасно, и ќе имаат одредени последици. Сепак, тие нема да имаат значително влијание врз нашата економија, изјави Путин.

Тој го коментираше и откажувањето на средбата од страна на Трамп, истакнувајќи оти американскиот претседател најверојатно мислел на пролонгирање, а не на целосно откажување.

Путин ги предупреди САД, потенцирајќи дека Русија силно ќе одговори во случај на напад со американски ракети „Томахавк“ врз руска територија.

– Доколку такво оружје се користи за напад врз руска територија, одговорот ќе биде многу силен. Да не кажам зачудувачки. Нека размислат за тоа, истакна претседателот на Русија.