Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Израел ќе одлучува кои странски војници ќе бидат прифатени во Газа

/

пред 353 дена

Сподели преку :

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вели дека Израел ќе има последен збор околу тоа кои странски воени сили ќе можат да бидат дел од меѓународната мисија во Газа. Според него, ова е дел од напорите за завршување на војната во согласност со планот на американскиот претседател Доналд Трамп. „Ние ја контролираме нашата безбедност и јасно ставивме до знаење дека Израел ќе одреди кои војници се прифатливи за нас,“ рече Нетанјаху на состанок со владата, додавајќи дека ставот на Израел бил прифатлив и за САД. Планот предвидува во Газа да бидат распоредени меѓународни сили, но без американско воено присуство. Според најавите, контингентот би можел да се состои од војници од Египет, Индонезија и земјите од Персискиот Залив.