Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Италија одобри екстрадиција на Володомир З., осомничениот Украинец за напад на „Северен тек“

/

пред 353 дена

Сподели преку :

Италија го одобри барањето на Германија за екстрадиција на осомничениот Украинец во врска со нападот на гасоводот „Северен тек“, соопшти неговиот адвокат претпладнево.

Четириесет и деветгодишниот Володомир З. беше уапсен кон крајот на август за време на одмор во Италија. Важи за еден од наводните организатори на нападот во 2022 година во кој беше оштетен гасоводот што води од Русија до Германија.

Германските обвинители го товарат Володимир З. за предизвикување на експлозија и за противуставна саботажа.

Судот во Болоња веќе ја одобри негова испорака во септември, но одбраната на обвинетиот поднесе жалба до Врховниот суд на Италија кој ја запре екстрадицијата поради процедурални неправилности.