Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(Видео)Екоцид на Вардар во близина на тетовско Копанце- милиони пластични шишиња низ реката

/

пред 355 дена

Сподели преку :

Налик на екоцид е видеото кое попладнево се појави на социјалните мрежи. Милиони пластични шишиња и отпад пловат на површината на реката Вардар во тетовско Копанце објави порталот „Тетово инфо“.

Како што се гледа на снимката реката е преплавена со пластичен отпад кој го загрозува биодиверзитетот на реката што може да предизвика сериозни последици од огромни размери.

Граѓаните на социјалните мрежи се гневни и предупредуваат дека ваквиот отпад ќе продолжи да се движи низ текот на Вардар и ќе стигне до Скопје, каде реката и таму е преполнета со ѓубре. Според нив, ситуацијата станува сè посериозна, а во наредните денови може да се очекува уште поголемо загадување, ако не се преземат итни мерки за чистење и контрола.

Т.Д.