Вработените од ЈП „Паркови и зеленило“ и фирмите ќерки „Флораком“ и „Луна“ оджаа нов протест поради неисплатена плата за месец септември. Два часа ги блокираат двата влеза на ЈП „Паркови и зеленило“ во периодот од 7 до 9 часот. Велат дека пари на нивните сметки се уште нема како и дека директорот на претпријатието се уште е недостапен за нив. Најавуваат радикализирање на протестот во наредниот период со блокади и на некои од сообраќајниците на главниот град. Претседателот на Синдикатот на СУТКОЗ, Стојанче Кашиковски, информираше дека вработените сè уште немаат земено ниту регрес за годишен одмор, јубилејни награди или отпремнина за пензионирани лица. Синдикатот веќе поднел пријави до Државниот инспекторат за труд, како и кривична пријава против директорот за неисплата на К-15.











