Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Одложено судењето на поранешната претседатлеката на Антикорупциската комисија, Татјана Димитровска

/

пред 354 дена

Сподели преку :

Се одложи судењето за екс претседатлеката на Антикорупциската комисија  Татјана Димитровска и уште двајца обвинети.

Скопска апелација не одлучила по жалбата на одбраната, откако на минатото рочиште на 30ти септември еден од адвокатите ја спореше надлежноста на одделението за организиран криминал и корупција, а судечкиот совет го одби приговорот.

Судењето продолжува на 12 ноември, а планирано е да се одржи подготвитлено рочиште.

Покрај Димитровска на обивнителна клупа е и ревизорот Миле Столевски и Билјана Петровска Мантева.

За обвинетиот Борче Најдов судиите на првото рочиште одлучија да ја раздвојат постапката.

Димитровска е обвинета за две дела, дека му одала службена тајна на Небојша Стојановиќ обвинет во „Адитив“, но и дека ревизорот Столевски во нејзино име го полагал тестот за сертификат „државна тајна“.

Одбраната ќе го побива обвиненеието а еден од аргументите ќе биде дека податоците што завршиле кај Стојановиќ не се службена тајна, туку јавно достапни и одлуки донесени на јавни седници на Антикорупциска.