Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Втор круг за градоначалници во 33 општини, за советници ќе се прегласува во Шуто Оризари

/

пред 354 дена

Сподели преку :

Во цела држава се конечни резултатите за избор на советници, освен на три места во Шуто Оризари, каде во недела ќе се прегласува првиот круг откако е утврдено дека теоретски прегласувањето може да има влијание на конечните резултати. Таму беше поништено гласањето поради преправање на записници, а избирачките одбори беа разрешени и им се закануваат кривични пријави.

  • По спроведената симулација е утврдено дека прегласувањето може да влијае на бројот на советнички места во оваа општина и затоа ќе има прегласување на првиот круг во недела, изјави Борис Кондарко, претседател на ДИК.

Во вториот круг, изборите на поништените места ќе ги спроведуваат избирачки одбори од Петровец и Сопиште.

44 градоначалници беа избрани во првиот круг, а во 33 општини ќе се гласа во вториот круг: Аеродром, Боговиње, Брвеница, Валандово, Виница, Дебар, Дебарца, Демир Капија, Карпош, Кичево, Конче, Кочани, Крушево, Куманово, Лозово, Македонска Каменица, Македонски Брод, Могила, Неготино, Пробиштип, Ранковце, Росоман, Струга, Студеничани, Тетово, Центар, Чешиново-Облешево, Чучер Сандево, Шуто Оризари и Град Скопје.

Во Гостивар, Врапчиште, Центар Жупа и Маврово-Ростуше каде што не беше исполнет цензусот од една третина од гласачите ќе има нова изборна постапка која ќе почне по објавувањето на конечните резултати од вториот круг.

Далиборка Демјанска