Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Историја за Јанта Волеј: Македонскиот првак се пласираше во 3.коло во Лигата на шампиони на ЦЕВ

/

пред 337 дена

Сподели преку :

Македонскиот женски одбојкарски првак Јанта Волеј се пласираше во третото коло во Лигата на шампиони на ЦЕВ откако вечерва го совлада босанскиот тим Гацко и на реваншот во Требиње.

Јанта Волеј со двојна победа ја продолжи европската бајка. По скопските 3-2, денеска девојките од Кисела Вода славеа против Гацко и на гостински терен исто така во пет сетови. Мери Бошковска со 17 поени беше лидер на тимот, додека средните блокери Јасмин Ледесма и Татјана Јаневиќ имаа по 12 поени.

Во третото коло од Лигата на шампиони, скопскиот состав сега ќе игра  двомеч со францускиот состав Валеро ле Канет. Првиот натпревар се игра во Франција на 13 ноември. 

Вечерва настап во европските купови имаше и тимот на Наковски Волеј, кој загуби на гостувањето кај Острава во Чешка со убедливи 3-0 во сетови во рамки на Челинџ Купот. Реваншот е на 5.ноември во Струмица.