Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Трамп нареди тестирање на нуклеарното оружје првпат по пауза од над три децении

/

пред 350 дена

Сподели преку :

Американскиот претседател Доналд Трамп им нареди на воените лидери на САД да започнат со тестирање на нуклеарното оружје, првпат по пауза од повеќе од три децении. Тој изјави дека одлуката е донесена за да се задржи рамнотежата со програмите за тестирање на Русија и Кина.

Последниот американски нуклеарен тест е изведен во 1992 година во Невада, по што беше воведен мораториум. Трамп на социјалните мрежи напиша дека САД имаат „најмоќен нуклеарен арсенал во светот“, но дека другите држави, особено Русија и Кина, го зголемуваат својот капацитет.

Тој нагласи дека „нема избор“ освен да ја обнови и модернизира американската нуклеарна програма, за да се обезбеди националната безбедност. Одлуката претставува драматичен пресврт во долгогодишната американска политика на воздржаност од вакви тестови.

Објавата дојде непосредно пред средбата меѓу Трамп и кинескиот претседател Си Џинпинг во Јужна Кореја, што дополнително ја засили тензијата околу глобалната безбедност и трката во вооружување.

T.Д.