Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Уапсени се пет лица поврзани со грабежот во музејот Лувр

/

пред 350 дена

Сподели преку :

Француската полиција уапси уште пет лица во рамки на истрагата за грабежот во музејот Лувр во Париз, што се случи на 19 октомври. Еден од уапсените е главна цел на истражителите, а според париската обвинителка Лаура Бекју, постојат ДНК траги кои го поврзуваат со извршената кражба.

Апсењата биле извршени на различни локации во и околу Париз, вклучувајќи го и делот Сен-Сен Дени. Од колекцијата на француската круна сè уште недостасуваат осум парчиња скапоцен накит, а истрагата продолжува за да се пронајде пленот.

Претходно, двајца осомничени беа приведени викендот пред тоа, под сомнение дека преку прозорец влегле во музејот и го извршиле грабежот. Тие делумно ја признале вината, а властите очекуваат новите уапсени да дадат клучни информации за текот на кражбата.

Т.Д.