Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

„Гласајте за СДСМ, нашите кандидати ќе бидат на ваша страна“ – Филипче повика на масовна излезност во вториот круг

/

пред 354 дена

Сподели преку :

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче повика на масовна излезност во вториот круг на локалните избори во недела (2 ноември) и гласање за СДСМ и коалицијата во општините каде имаат свои кандидати за градоначалници. На граѓаните им порача дека сите тие кандидати ќе бидат на нивна страна, со програми кои се реални и кои што може да се испорачаат.

„Овие градоначалници нема да работат за мене, нема да ми одговараат мене, поради тоа што треба да им одговараат на луѓето кои ги бираат и гласаат. Со гласот за нив, порачувам до граѓаните, дека гласаат за чесност, за отчет и за луѓе со одговорност и резулати зад себе“, нагласи Филипче.

СДСМ во вториот круг на локалните избори има свои кандидати за градоначалници на Општина Аеродром (Александар Трајановски), во Општина Валандово (Перо Костадинов), во Општина Виница (Гоце Милевски), во Општина Демир Капија (Лазар Петров), во Општина Дојран (Ристо Џинев), во Општина Зрновци (Ванчо Митев), во Општина Конче (Благој Илиев), во Општина Крушево (Томе Христовски), во Општина Лозово (Ацо Велковски), во Општина Македонска Каменица (Соња Стаменкова), во Општина Неготино (Петар Мантев), во Општина Пробиштип (Драган Атанасов), во Општина Ранковце (Даниел Крстевски), во Општина Росоман (Стојан Николов), во Општина Чешиново и Облешево (Горанчо Крстев), во Општина Чучер Сандево (Сашко Комненовиќ) и во Општина Центар (Горан Герасимовски).

С.Д.