Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Притвор за 67 годишен маж кој ја претепал сопругата пред децата и малолетната внука

/

пред 351 дена

Сподели преку :

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 67-годишен жител на селото Петровец, осомничен за тешка телесна повреда извршена при семејно насилство.

Како што соопшти Јавното обвинителство, инцидентот се случил на 28 октомври во семејниот дом, по кратка вербална расправија, кога осомничениот физички ја нападнал сопругата, удирајќи ја со раце и нозе по целото тело и главата, ја гушел и се обидувал со каиш да ѝ ги врзе нозете.

„Ценејќи ги сите околности, особено опасноста од бегство на осомничениот, но и веројатноста да го повтори насилството кое го вршел и во присуство на ќерките и малолетната внука, јавниот обвинител достави предлог за определување мерка притвор“, стои во соопштението на Јавното обвинителство.

Жената на моменти губела свест, но успеала да се ослободи и преку прозорецот побегнала кај соседите за да побара помош. Од нападот се здобила со тешки телесни повреди – скршеници на три ребра и повеќе хематоми.

T.Д.