Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Втор круг на локални избори во малата општина Брвеница – до 15 часот излезноста е 40,83 oтсто

/

пред 349 дена

Сподели преку :

Општина Брвеница покрај општините Тетово и Боговиње во овој регион се местата каде има втор круг на гласање за избор на градоначалник. Во населеното место Брвеница каде е и општинскиот центар, забележителна беше големата волја на граѓаните за гласање и остварување на своето право за избор.

Граѓаните стрпливо во редови чекaат пред избирачките места за да го искажат својот став и да изберат човек кој ќе ја води општината.

Претставниците од избирачките одбори иако имаа полни раце работа со голем број на гласачи на ред, пред камерата на Телма истакнаа процесот се одвива тековно и без проблеми.

Претседателот на општинската изборина комисија Неџбедин Реџепи раскажа дека во сите избирачки места во оваа општина со 10 населени места изборниот ден се одвива во ред почнувајќи од 7 часот утринава.

Oпштина Брвеница се значи со 24 избирачки места, вкупно има регистрирани во избирачкиот список 16 144 гласачи, а во првиот круг имаше четворица кандидати за градоначалник.

Александар Самарџиев

Дигитална обработка: T.Д.