По пребројување на гласовите во општина Брвеница, во тесна и неизвесна трка победи кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Јовица Илиевски.
Во битка во владината коалиција, Илијевски освои 4.369 (47,71%), додека кандидатот на ВРЕДИ, Хаќим Рамадани освои 4.224 гласови (46,12%). На сајтот на ДИК стои дека се преброени гласовите од сите 24 избирачки места.











