Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ДКСК, ќе постапува по изборни предмети

/

пред 348 дена

Сподели преку :

 Државната комисија за спречување на корупцијата  денеска ќе ја одржи 24-та седница.

На дневен ред на седницата, како што соопштуваат од ДКСК, се Усвојувањето на Проценката на ризици од корупција за потребите на изработка на Националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси 2026–2030 и Методологија за изготвување на Националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси 2026–2030.

Членовите на ДКСК ќе постапуваат по изборни предмети како и по други предмети и ќе го разгледуваат Извештајот од антикорупциска проверка на одредби од Изборниот законик, Глава VI, како и Изборна кампања со поднаслов „Медиумско претставување“ од член 75 до член 76.