Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Голем дел од индустријата губи работници, тутунската на големо вработува

/

пред 338 дена

Сподели преку :

Пад на бројот на работници во индустријата. Но, не и во онаа за производство на тутун. Статистика пресмета дека за една година, односно во септември годинава, во однос на септември лани, бројот на работници во индустријата се намалил за 2,8 отсто.

Пад има во делот вадење руди, во производството на прехранбени производи, за текстил, за облека, во секторот преработка на дрво и други.

Но, во индустријата за тутун бројот на вработени за една година се зголемил за 22,5  отсто, во производството на машини и уреди има раст од 7,2 проценти, а во производството на производи од гума 5,3 отсто.

Исто така, според бројките на статистиката, кај производството на пијалаци бројот на работници за една година се зголемил за 4,7 проценти.

Инаку, трет месец опаѓа бројот на работници во индустријата.