Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Зеленски: Украина ќе произведува оружје во Берлин и во Копенхаген

/

пред 345 дена

Сподели преку :

Украина годинава ќе отвори канцеларии во Берлин и Копенхаген за заедничко производство на оружје и извоз до трети страни, изјави синоќа претседателот Володимир Зеленски.

Киев ја проширува домашната одбранбена индустрија со помош на западните партнери, додека четврта година се брани од руската агресија.

Зеленски најави дека Украина ќе може да извезува поморски беспилотни летала и артилериски системи.

– Станува збор за заедничко производство и извоз на оружје што можеме да си го дозволиме да го продадеме, за да имаме повеќе пари за нашето внатрешно производство на дефицитарно оружје, што не можеме да си го дозволиме, посочи Зеленски.

Украина сè уште зависи од своите сојузници за оружје како што се борбени авиони и системи за воздушна одбрана, но постигна напредок во развојот на беспилотни летала и ракети.

Зеленски посочи дека Украина планира до крајот на годината да почне со масовно производство на ракетите Фламинго и Рута.