Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Транспаренси: Барометар на корупцијата за Октомври 2025

/

пред 347 дена

Сподели преку :

Транспаренси Интернешнл-Македонија ја објави редовната анализа „Бистро-Матно“ за коруптивни случаи во земјата. Во фокусот на месецот се истрагите за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, по што УЈП суспендираше неколку вработени, како и разрешувањето на апелацискиот судија Енвер Беџети поради дисциплинска повреда и сомнежи за земање мито.

Според овој извештај само 35% од учесниците во изборната кампања поднеле извештаи за донации, додека Македонија на глобалната листа за владеење на правото за 2025 година се наоѓа на 64-то место, со слаби резултати по критериумите за ограничување на моќта на властите и спроведување на регулативи.

Истовремено, ревизорите алармираат за континуирани загуби и зголемен број на вработени во „Пошта на Македонија“.

Јавните обвинителства отворија нови истраги за злоупотреби во приватни установи за стари лица, во РЕК Битола и во прилепската болница, како и кривична пријава против поранешен раководител во ЈП „Национални шуми“ – Битола. Во сите случаи се истражуваат злоупотреби на службената положба, финансиски малверзации и прибавување материјална корист на штета на јавните институции.