Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Јовева: Не е фер Македонија да се става во ист кош со Србија и БиХ

/

пред 338 дена

Сподели преку :

Мислам дека не е фер Северна Македонија да се става во истиот кош со Србија и Босна и Херцеговина, кога станува збор за напредокот на европскиот пат, изјави словенечката европратеничка Ирена Јовева.

– Морам да кажам дека Црна Гора и Албанија, а посебно Црна Гора, реално или најреално навистина е најнапред од регионот во однос на реформите и напредокот. Иако не би сакала да испадне дека ја критикувам еврокомесарката Марта Кос или Комисијата, но мислам дека малку не е фер да испадне дека сме, ако така смеам да кажам, во истиот кош со Србија, па и со Босна и Херцеговина, вели Јовева за МИА.

 

Јовева, кој е дел од либералната група „Да ја обновиме Европа“, нагласува дека особено не е фер, ако знаеме што се случува во Босна и Херцеговина, а посебно во Србија.  

 

 

– Не е до толку дека македонската држава не напредувала, има напредок, но оценката е премногу генерална, премногу општа. Секако, не може да се каже дека Северна Македонија напреднала толку колку и Црна Гора, но заслужува да се каже јасно и гласно дека има напредок, потенцира Јовева која има македонско потекло.

 

Според неа, ако Извештајот на Европската комисија за земјава за 2025 годна се чита конкретно, ќе се види дека сепак има таа  постигнато напредок и тоа треба да се потенцира, а не да се вели дека е во ист кош со Србија или Босна и Херцеговина.