Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ОЈО Тетово: Првичните сознанија не упатуваат дека смртта на девојката пронајдена мртва е резултат на кривично дело

/

пред 338 дена

Сподели преку :

Основното јавно обвинителство Тетово, информира дека во текот на вчерашниот ден извршен е увид на лице место на локацијата каде од случаен минувач  беше пронајдено беживотно тело на млада девојка.  Според обвинителството првичните сознанија и траги на лице место не упатуваат дека смртта е резултат на кривично дело.

-Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово вчера изврши увид на лице место на локацијата каде беше пронајдено безживотно тело на млада жена, како и во изнајмениот стан во кој таа престојувала. Се преземаат сите дејствија за испитување на причините за смртта со детални проверки и вештачења на местото, иако првичните сознанија и траги на лице место не упатуваат дека смртта е резултат на кривично дело. Сепак, наредена е обдукција, ќе се вршат распити на повеќе лица, а обвинителството и сите истражни органи интензивно постапуваат за испитување на причините, информираат од обвинителството.

Тетово: Пронајдено е безживотно тело на млада девојка