Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Шест лица го загубија животот за четири дена во сообраќајни несреќи

/

пред 344 дена

Сподели преку :

Во првите четири дена од месец ноември во сообраќајни несреќи на територија на државата животот го загубија шест лица. Од почетокот на оваа година заклучно со октомври регистрирани се 115 жртви. Во текот на минатата година регистрирани се 142 жртви во сообраќајни несреќи.  Статистиката покажува дека најчестите причинители кои доведуваат до сообраќајни несреќи со фатални последици се пред се непочитувањето на сообраќајните правила, односно користењето на мобилен телефон при возење, возењето со брзина поголема од дозволената, возењето под дејство на алкохол. Од MВР апелираат до граѓаните да ги остават мобилните телефони  додека управуваат со возилото, и да не се вози со брзина поголема од дозволената да не се седнува зад воланот доколку се конзумира алкохол. Од министертсвото велат дека ќе продолжат со засилени контроли на терен, но вистинската промена почнува со одговорноста на секој возач.