Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Убиство во Чашка: Го викнале во кола и му пукале во глава, еден осомничен приведен

/

пред 337 дена

Сподели преку :

Основното јавно обвинителство во Велес поведе истражна постапка против 43 годишно лице осомничен дека на 5 ноември во близина на земјениот пат од Чашка кон селото Бусилци, заедно со засега непознато лице, го убиле велешанецот Ѓело Ѓошев. Според истрагата осомничениот ја намамил жртвата со својот автомобил на локацијата, каде другото лице пукало во него, нанесувајќи смртоносна прострелна рана во главата. Осомничениот и претходно им бил познат на органите на редот, претходно бил осудуван за разбојништво, а во овој случај се обидел да ги прикрие трагите по убиството, со што влијаел врз понатамошниот тек на постапката. Јавниот обвинител оценил дека постои опасност од бегство, можност за влијание врз сведоците и ризик од повторување на делото, па судот му определил мерка притвор. Полицијата, во координација со обвинителството, продолжува со интензивна истрага за откривање на вториот соизвршител и утврдување на мотивите за убиството.