Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

30 дена притвор за четворицата осомничени во случајот со давање и примање мито на актуелниот директор на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството

/

пред 343 дена

Сподели преку :

Одреден е притвор од 30 дена за четворица осомничени во случајот со давање и примање мито на актуелниот директор на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството.

  • Судија на претходна постапка, по произнесување на 5 те осомничени, кои попладнево бе спроводени во судот, донесе решенија со кои за: Џ.Н., А.Ф., Ф.Ф. и И.С. го прифати предлогот и на сите четворица им определи мерка притвор од 30 дена заради постоење на основите од точките 1,2 и 3 односно Опасност од бегство, влијание врз сведоци и повторување на делото, се вели во соопштението од судот.

За петтосомничена одреден е куќен притвор.

  • За Ј.К. судот го прифати променетиот предлог на Јавниот обвинител за определување мерка куќен притвор, се вели во соопштението од судот.

Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција откри дека имале тројца посредници, меѓу кои и вработени во министерството за земјоделство.

Поткупот бил за фирма, која не исполнува услови да земе пари од ИПАРД фондовите.

На Стоилев му ветувале 50 илјади евра, а полицијата го фатила со првите 400 евра кој му ги дал поранешен министер