Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Зетот на Трамп ќе гради лускузен комплекс на место на уништениот генералштаб на војската на Југославија во Белград

/

пред 341 дена

Сподели преку :

Српските пратеници го усвоија денеска специјалниот закон со кој локацијата на која се наоѓаше поранешниот генералштаб на југословенската армија се отстапува за проект за развој на недвижности, ни помалку ни повеќе, туку на фирма поврзана со Џаред Кушнер, зет на американскиот претседател Доналд Трамп.

Сега, благодарение на лидерството на Вучиќ, американска компанија, ќе гради

Таканаречениот лекс специјалис беше усвоен со 130 гласови „за“ и „40“ против, по повеќедневната расправа во српскиот парламент и уличните протести на противниците на планот да се ревитализира поранешниот генералштаб на армијата, кој беше уништен во бомбардирањето на НАТО на Србија, во 1999-тата година.

Српската владата минатата година го укина специјалниот статус на комплексот и потпиша договор за 99-годишен закуп на локацијата со фирмата Афинити Глобал Девелопмент, поврзана со Кушнер.

Но, процесот се одолговлечи заради истрагата која се спроведуваше заради сомнежите дека документите за отстранување на заштитениот статус на објектот биле фалсификувани.

Владата на Вучиќ тврди дека ревитализацијата на објектот ќе придонесе за економскиот развој, но и за подобрување на односите со актуелната американска администрација.

Според српските медиуми, на местото на генералштабот ќе се изгради комплекс во вредност од над 500-тини милиони долари, од хотел-висококатница, трговски центар и деловен центар.

Н.И