Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Лејкерс немоќни во Атланта, Јокиќ со нов трипл-дабл го предводеше Денвер (ВИДЕО)

/

пред 328 дена

Сподели преку :

Во НБА-лигата, утринава на програмата беа осум натпревари. Лејкерс загубија на гостувањето кај Атланта, а Денвер ја совлада Индијана благодарение на трипл-дабл учинокот на Никола Јокиќ.

Заврши победничката низа на Лос Анџелес лејкерс од пет натпревари и тоа кај Атланта, која славеше со 122-102. Лука Дончиќ имаше 22 поени со 11 асистенции, а Лејкерс настапија без Остин Ривс и секако Леброн Џејмс, кој и натаму е повреден. Мухамед Геи беше најдобар кај Хоукс со 21 поен.

Никола Јокиќ го запиша шестиот трипл-дабл сезонава на деветиот натпревар и Денвер ја совлада Индијана со 117-100. Српскиот центар имаше 32 поени, 14 скокови и 14 асистенции, па не се почувствува отсуството на Џамал Мареј и Арон Гордон. Арон Несмит со 25 поени беше најдобар кај Пејсерс.

На останатите натпревари:
Вашингтон – Далас 105-111
Филаделфија – Торонто 130-120
Кливленд – Чикаго 128-122
Мајами – Портланд 136-131
Сан Антонио – Њу Орлеанс 126-119
ЛА Клиперс – Феникс 103-114