Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Излизган камион предизвика едночасовен застој на патот Струмица – Ново Село

/

пред 344 дена

Сподели преку :

Камион кој се излизгал пред влезот во селото Ново Село предизвика едночасовен застој на магистралниот пат Струмица – Ново Село – граничен премин со Бугарија. Сообраќајот бил во прекин од 14:10 до 15:00 часот. Според информациите од СВР Струмица, во инцидентот нема повредени или загинати лица, а причинета е само материјална штета.

Од Авто-мото сојузот на Македонија соопштија дека сообраќајот на патниот правец А4 е целосно нормализиран по отстранувањето на возилото од коловозот.

АМСМ информира дека сообраќајот на сите државни патишта се одвива непречено, по влажни коловози, со умерен интензитет на движење. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез или излез од државата.