Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Фирмите во Скопје ќе добијат посебни контејнери за отпад, најави Ѓорѓиевски по акцијата за чистење на градот

/

пред 344 дена

Сподели преку :

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, најави дека фирмите во главниот град ќе добијат посебни контејнери или канти за отпад за да се спречи натрупувањето на садовите што се наменети за домаќинствата.

Изјавата ја даде по завршувањето на 72-часовната акција за чистење на Скопје, во рамки на која биле собрани 4.500 тони ѓубре.

Ѓорѓиевски посочи дека покрај отпадот од фирмите, дополнителен проблем претставува и одлагањето на мебел и кабаст отпад од страна на граѓаните, што создава грда слика низ градот.

Во текот на акцијата биле изречени 40 казни и 70 опомени за физички и правни лица.