Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(Видео) Вкупно 79 повредени луѓе во судар на два воза во Словачка

/

пред 339 дена

Сподели преку :

Вкупно 79 луѓе се повредениво судар на два патнички воза во во близина на главниот град на Словачка, Братислава, објавија локалните медиуми. Сите се хоспитализирани, ниту еден не е во животнозагрозувачка состојба, соопшти словачката Итна медицинска служба.

Прелиминарните извештаи упатуваат дека регионалниот воз занемарил знак за запирање и минал на пруга кон Братислава, каде се судрил со брз воз, објави железничката компанија ЗСР.

Точните причини за несреќата се истражуваат. Телевизијата СТВ извести дека во двата воза во моментот на несреќата имало 800 патници. Голем број од нив биле студенти кои се враќале во Братислава од родните градови.