Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ОЈО бара притвор за полицаец осомничен за учество во кражбата на кабли од скопска „Железара“

/

пред 330 дена

Сподели преку :

ОЈО Скопје донело наредба за спроведување истражна постапка против полицискиот службеник за кривичното дело тешка кражба од член 236 став 4 во врска со став 1 точка 1 од Кривичниот законик (КЗ).

Станува збор за проширување на постапката за кражбата за која пред десетина дена Обвинителството поднесе обвинение против три лица.

„Сите тие се товарат дека заедно од објектот на „Полуконти –ИГМ“ и подземните тунели низ кои поминуваат кабли за напојување со електрична енергија одзеле повеќе километри високоенергетски и среднонапонски кабли во сопственост на оштетените правни лице АД ЕСМ – Електрани на РСМ – Подружница енергетика Скопје и МакСтил АД Скопје во вкупна вредност од околу 440 илјади евра“, стои во соопштението од ОЈО.

Според краткиот опис на делото, осомничените откако со апарат ќе се увереле дека каблите не се под напон, со батериска брусалка ги сечеле и ги складирале до влезот од тунелите.

Поради нивните дејствија, како што додаваат од Обвиниттелствоот, на 9 април годинава настанал и пожр во трафостаницата ТС „Југ“ со што била предизвикана и дополнителна штета на јавните инсталации и за чие санирање биле потребни повеќе од 100 илјади евра.