Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Златно Славејче слави 55 години: Јубилејно издание на најстариот детски фестивал на Балканот

/

пред 326 дена

Сподели преку :

Детскиот фестивал „Златно Славејче“ го одбележува своето 55-то јубилејно издание. Фестивалот, кој е прв и најстар на Балканот и втор по италијанскиот Zecchino d’Oro, оваа година ќе се одржи во Македонскиот народен театар (МНТ) на 15-ти и 22-ри ноември.

Мотото кое секоја година славејчињата го проткајуваат низ песна е „Еднаш славејче засекогаш славејче“, што го истакнува значењето на детството и песната. Оваа година, фестивалот ќе започне со песната „Дете да останам“ и ќе заврши со пораката „Детството е поубаво од се“.

„Златно Славејче“ традиционално негува искрени текстови и впечатливи композиции. Доказ за неговата важност е фактот што од него произлегле познати имиња како Тоше Проески, Калиопи, Влатко Илиевски, како и основачите Александар Џамбазов и Васил Појовски. Во чест на јубилејот, се враќаат и поранешни изведувачи како Маја Грозданска Панчева.

Ива Кузмановски, една од младите учеснички која беше гостинка во утирнската емисија на Телма, ја изведе својата песна користејќи и знаковен јазик, со цел пораката „Баш е супер да се биде дете“ да стигне до сите деца.

Т.Д.