Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Осум лица убиени во експлозија на автомобил во Делхи

/

пред 337 дена

Сподели преку :

Осум лица загинаа откако автомобил експлодираше во близина на туристичката атракција Црвена тврдина во Делхи, соопшти полицијата.

Илјадници туристи секојдневно ја посетуваат Црвената тврдина од 17 век, која се наоѓа на само неколку метри од пoпуларен и многу посетуван трговски центар.

Комесарот на полицијата во Делхи рече дека експлозијата се случила кога возило кое се движело бавно застанало на црвено светло пред да експлодира.

Иако засега нема подетални информации за тоа кој е одговорен за нападот, премиерот на Индија, Нарендра Моди, изјави дека сите лица кои биле дел од нападот ќе бидат изведени пред правдата и никој нема да биде поштеден.

Засега не се отфрлаат ниту една од можните причини за смртоносната експлозија.