Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Ивановска: Кочани е класичен пример дека корупцијата убива, се надевам дека ќе дочекаме правда како што треба

/

пред 342 дена

Сподели преку :

Кога велиме дека корупцијата убива, Кочани е класичен пример дека навистина убива и дека влијанијата што се користеле од партиите или субјективните влијанија на носители на јавни функции еве до каде доведуваат, за жал, до трагичен крај со многу жртви, рече Билјана Ивановска, поранешна претседателка на Државната комисија за спречување на корупција, во емисијата „Директно“ на ТВ Телма.

„Видовме што прави корупцијата како слабост, дали сега ќе бидеме сведоци да видиме што значат слабостите во рамки на правосудниот сектор. Дали надворешните влијанија ќе си имаат свои последици. Тое може да бидат од секаде, дали политичари или разни структури. Дали внатрешните влијанија, дали повисоките рангови на судии влијаат на пониските рангови на судии? – И тука има слабости, така што се надевам дека ќе дочекаме правда како што треба“, истакна Ивановска.

С.Д.