Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Костадоновски: Во обезбедување на независноста на судството, не се важен елемент само платите на судиите, туку вкупниот амбиент во државата

/

пред 342 дена

Сподели преку :

Во обезбедување на независноста и самостојноста на судството, не се важен елемент само платите на судиите, туку вкупниот амбиент во државата, рече претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски во вечерашното интервју во „Топ тема“ на ТВ Телма.

„Уставниот суд, како чувар на Уставот, ја чува и темелната вредност на нашиот поредок – начелотона поделба на власта. Мислам дека предолго време кај нас се погрешно поставени, изместени се работите во поглед на тоа како кохабитираат трите власти. Ниту една од властите не може да има надмоќ врз другата власт“, вели Костадиновски.

Според него, извршната власт 20 години во континуитет покажува надмоќ, не само врз судската власт, туку и врз законодавната власт. Платите на судии, додаде, може да се намалат само во исклучително околности и тоа, како што рече, е меѓународен стандард.

С.Д.