Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

„Имавме јасен договор и не треба да има отстапки“ вели Николоски за пополнување на местата во Владата по заминување на Меџити

/

пред 341 дена

Сподели преку :

Се интензивираат раговорите за пополнување на празните места во Владата откако досегашниот министер за животна средина и вицепремиер Изет Меџити замина на градоначалничката функција во Чаир. Останува прашањето – Дали Вреди ќе заземе две места во Владата?

Николоски во Топ Тема изјави дека во моментов се зборува само за пополнување на испразнетите места, а се осврна и на коалицискиот договор од претходната година за кој не треба да има отстапки.

„Ние лани имавме јасен договор, мислам дека е фер во рамки на една соработка се да се зборува, но мислам дека договорот е јасен и дека не треба да има отстапки“, рече Николоски.

За дополнителна реконструкција на Владата и промена на министерските позиции Николоски посочи дека премиерот е надлежен за тоа, а доплнително додаде дека Владата по долг период е без корупциски скандал.

Т.Д.