Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто

/

пред 336 дена

Сподели преку :

Просечната годишна плата за полно работно време на вработените во ЕУ лани изнесувала 39.800 евра, што претставува зголемување за 5,2 отсто во споредба со 2023 година, соопшти денеска Европската статистичка служба (Евростат).

Меѓу земјите членки на ЕУ, највисока просечна годишна прилагодена плата за полно работно време била регистрирана во Луксембург во износ од 83.000 евра, по што следуваат Данска со 71.600 и Ирска со 61.100 евра.

Од друга страна, најниски годишни просечни плати лани имале вработените во Бугарија и тоа од 15.400 евра, а пред Грција со 18.000 и Унгарија со 18.500 евра