Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Министерот за земјоделство Трипуновски демантира дека ИПАРД е блокиран, стопирани се само 50 договори

/

пред 337 дена

Сподели преку :

Актуелниот министер за земјоделство, Цветан Трипуновски, демантираше дека ИПАРД-средствата се блокирани од Брисел и рече дека се стопирани само педесетина договори кои се во фаза на реализација.

Тој ги повика земјоделците да бидат спокојни и посочи дека проверките се во делот на реализацијата на програмата, а не на националните плаќања.

Неговиот претходник на функцијата, Љупчо Николовски од СДСМ, обвини дека ИПАРД-програмата е блокирана за 130 милиони евра, средства што требало да создадат над 3.000 нови бизниси и 10.000 нови работни места. Тој го повика Трипуновски да поднесе оставка и да понесе одговорност за состојбата.

T.Д.