Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Ослободена жена осомничена за учество во грабежот на Лувр

/

пред 335 дена

Сподели преку :

Француската полиција ослободи жена осомничена за учество во грабежот на музејот Лувр, во Париз, Франција. Таа ќе биде под судски надзор, соопшти денеска Канцеларијата на парискиот обвинител.

Жената е едно од четирите лица кои се испитуваат за грабежот, во кој беше украден накит во вредност од 88 милиони евра од „Галеријата на Аполон“ во Лувр.

На жената нема да ѝ биде дозволено да контактира со другите осомничени или да ја напушти Франција.

Најспектакуларен грабеж во музејот Лувр, откако Мона Лиза исчезна во 1911 година

Грабежот во Лувр се случи минатиот месец, кратко по отворањето на музејот. Полицијата уапси тројца мажи и една жена, пријателка на еден од осомничените.

Досега не е пронајдена никаква трага од украдениот накит.

Две лица се уапсени под сомнение за грабежот во Лувр