Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Шведската полиција го третира како несреќен случај вчерашниот инцидент во кој тројца пешаци беа прегазени од автобус

/

пред 333 дена

Сподели преку :

Шведската полиција објави дека во моментов верува оти судирот на автобус во Стокхолм во пешаци на тротоар кога загинаа три лица, не бил намерен.

Возачот на автобусот е во болница и е уапсен под сомнение за убиство од небрежност.

Според шведските медиуми, возачот, чиј идентитет не е откриен, требало да направи пауза за време на работниот ден, но сепак возел.

Во петокот, за време на попладневниот шпиц, двокатен автобус се заби во редица луѓе што чекале на автобуска станица на прометна улица во центарот на шведскиот главен град.