Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Успехот на Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ е резултат на индивидуален ентузијазам

/

пред 323 дена

Сподели преку :

За 80 години континуирана успешна библиотечна, културна и образовна дејност, Градската библиотека „ Браќа Миладиновци“ пред два дена ја доби наградата „ 13 Ноември“. А, денеска го прослави нејзиниот 80 роденден. Голем дел од успехот е резултат на индивидуален ентузијазам и љубов кон професијата. Реалноста е дека ние често се бориме да го одржиме она што веќе го имаме, кажа на свеченоста , директорката на библиотеката.

  • Неоходно е да создадеме нови, современи простори кои ќе бидат привлечни за младите. Но, реалноста е дека ние често се бориме да го одржиме она што веќе го имаме. Голем дел од успехот е резултат на индивидуален ентузијазам и љубов кон професијата. За библиотеките да имаат блескава иднина, потребни се визија, стратегија и план, вели Снежана Стојчевска, директорка на Градската библиотека „ Браќа Миладиновци“.

Оваа јавна установа ја сочинуваат 4 централни библиотеки, 14 подружници  и подвижната библиотека -Библиобус. Вкупниот книжевен фонд изнесува над половина милион книги. Меѓу нив е и колекцијата на стари и ретки книги во која се наоѓаат „Езоповите фригиски басни“ од 1566 година . А, денеска библиотеката се збогати со  нови книги, донирани од Кралството Холандија.

  • Денеска имаме мал, но јас мислам многу значаен придонес со холандско литературно катче , што содржи повеќе од 300 книги . Од холандски автори, преведени на македонски или на холандски јазик, меѓутоа и од други автори, преведени на холандски јазик, рече Узлем Џанел, амбасадорката на Кралството Холандија во Македонија.

Градската библиотека „ Браќа Миладиновци“ започнала со работа на 15. ноември 1945 година, со одлука на тогашниот претседател на Градскиот ослободителен одбор, Димче Зографски. Но, преку истражување е утврдено дека нејзините корени датираат уште од времето на Кралството Југославија.

  • На 3. јануари 1934 година во Советот на општината, града Скопје, како што гласи самото решение на првата седница од таа година, под точка 3 е донесена одлука да се формира градска, јавна библиотека, на територијата на град Скопје, кажа Гордана Андреева, библиотекар- советник во Одделот за дигитализација.

Во „ Домот на сите приказни“, како што гласеше мотото на денешна прослава, со пригодна програма настапија и млади музичари.

Сотир Трајков