Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Трамп сака да се сретне со Мамдани

/

пред 327 дена

Сподели преку :

Претседателот на САД, Доналд Трамп, вели дека планира да се сретне со новоизбраниот градоначалник на Њујорк, Зохран Мамдани, и рече дека тие „ќе најдат решение“, што би можело да претставува смирување на односите меѓу републиканскиот претседател и демократот, којашто се претставува како негов политички противник.

Трамп претходно со месеци го критикуваше Мамдани, лажно нарекувајќи го „комунист“ и предвидувајќи пропаст на неговиот роден град, Њујорк, доколку тој биде избран.

Тој, исто така, се закани дека ќе го депортира Мамдани, кој е роден во Уганда и станал натурализиран американски државјанин, и дека ќе повлече федерални пари од градот.

-Градоначалникот на Њујорк, ќе кажам, би сакал да се сретне со нас и да договориме нешто. Но, тој би сакал да дојде во Вашингтон и да се сретнеме и да договориме нешто. Сакаме да видиме дека сè ќе се одвива добро за Њујорк, изјави Трамп.