Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Љубомора и љубовни недоразбирања – главен мотив за свирепото убиство во Штип

/

пред 333 дена

Сподели преку :

Патoлошка љубомора и љубовни недоразбирање се мотивите на 74-годишниот Д.А за да на свиреп начин ја убие 79-годишната Б.Н од Штип.

Според исказот на осомничениот тие биле во врска со убиената жена.

Откако ја убил ги сечел деловите од нејзиното тело, во дворот на убиецот пронајден е трупот на жената, а на кој по обдукцијата се утврдило дека на него има фрактури на ребрата, но  нема убоди од нож.

Истражните органи се уште ги бараат остатоците од телот на свирепо убиената 79-годишна штипјанка.

Министерството за внатрешни работи вчера објави дека 79-годишната жена претходно насила била држена во домот на убиецот.

На 24. октомври била пријавена за исчезната од страна на нејзината 84-годишна сестра.

По преземаните мерки и истрага од полицијата трагите ги водат во домот на 74-годишниот Д.А.

Од обвинителство денеска соопштија дека  Основното јавно обвинителство – Штип донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице, осомничено за кривично дело – Убиство.

  • Осомничениот 74-годишник, при вршење семејно насилство, лишил од живот жена со која биле во блиски лични односи, така што со тврд предмет и задал повеќе удари во главата, кршејќи и го черепот. Потоа, со остар предмет пресекол делови од телото и ги сокрил на непознато место, а трупот го закопал во дворот од куќата, се вели во соопштението од Обвинителството.

Јавниот обвинител проценил дека постои опасност од бегство, но и можност осомничениот да ги сокрие трагите од кривичното дело, па до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор.

Викторија Јованова Димитровска

Б.С.