Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Зеленски и Макрон потпишаа договор за соработка во одбрана – ќе набави ли Украина 100 француски авиони „Рафал“?

/

пред 331 дена

Сподели преку :

Франција и Украина потпишаа писмо со намери со кој официјален Киев се обврзува да  купи француска воена опрема, меѓу кои и сто авиони ловци „Рафал“ за потребите на одбраната на својата држава.

Документот го потпишаа денеска во Париз, претседателите Емануел Макрон и Володимир Зеленски, за време на деветтата посета на украинскиот претседател на француската престолнина од почетокот на војната со Русија.

Украина е на прагот на третата зима во која Москва ја бомбардира нејзината енергетска и топлинска инфраструктура, во обид да го скрши моралот на цивилното население.

Намерата за набавка на сто ловци „Рафал“ доаѓа само еден месец откако Украина потпиша договор со Шведска во следните десет години да набави 150 шведски ловци од моделот „Грипен“.

Н.И