Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(Видео) ВМРО-ДПМНЕ ќе го поддржи предлогот на СДСМ за посебна Анкетна комисија за трагедијата во „Пулс“

/

пред 332 дена

Сподели преку :

На еден ден пред почетокот на судскиот процес за трагедијата во Кочани, пратениците од СДСМ поднесуваат предлог до Собранието за надзорна расправа и за формирање на посебна Анкетна комисија за целосно и независно испитување на трагедијата во дискотеката „Пулс“.

Предлогот следи три дена по „Маршот на ангелите“ во Скопје, каде што блиските на загинатите упатија свои барања до пратениците.

И лидерот на Левица и пратеник во Собранието, Димитар Апасиев, најави дека следната недела ќе закаже посебна комисиска седница на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот, на која ќе се разгледува претставката од „Здружението 16 март“ на родителите од Кочани, а на која и тие ќе бидат официјално поканети.

Од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, пак, денеска кажаа дека ќе го поддржат предлогот на СДСМ за посебна Анкетна комисија, но само ако е проширена и за другите трагедии низ годините.

Б.С.