Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Мицкоски: Политичари и партии се обидуваат да градат политичка кариера на случајот во Кочани

/

пред 335 дена

Сподели преку :

Има одредени политички партии кои што на случајот со Кочани, на маката на луѓето кои што ги загубија своите најмили, се обидуваат да градат политичка кариера, истакна премиерот Христијан Мицкоски во вечерашното интервју во „Топ тема“ на ТВ Телма.

„И затоа не можеме да кажеме дека нема политичко влијание, бидејќи тие политичари, тие полкитички партии се обидуваат да ја злоупотребаат оваа мака, со континуирано испраќање на политички пораки“, вели Мицкоски.

За разлика од нив, додаде премиерот, „јас цело време молчам и оставам обвинителството, судовите да си ги вршат оние надлежности кои што ги имаат, односно да имаме фер судење, да имаме судење кое што јасно ќе детектира кои се виновни, кои не се виновни“.

С.Д.