Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Трамп ќе сретне со новоизбраниот градоначалник на Њујорк, Мамдани

/

пред 328 дена

Сподели преку :

Мамдани и Трамп се критикуваа меѓусебно, а за време на кампањата американскиот претседатeл го поддржа неговиот противник, Ендру Куомо.

Мамдани, пак, ги критикуваше политиките на администрацијата на Трамп, вклучувајќи го и ограничувањето на имиграцијата и поддршката на САД за Израел за време на војната во Газа.

-Се согласивме дека оваа средба ќе се одржи во Овалната соба во петок, 21 ноември, објави Трамп.

Претходно, Мамдани соопшти дека неговиот тим контактирал со Белата куќа за да закаже средба.

-Мојот тим ја контактираше Белата куќа поради обврската што ја дадов кон жителите на Њујорк дека сум подготвен да се сретнам со секого, сè додека тоа е во корист на 8,5 милиони луѓе, што го нарекуваат градот за свој дом. Сакам да му покажам на претседателот што значи всушност да се залагаш за жителите на Њујорк, вели Мамдани.

Од неговиот кабинет изјавија дека оваа средба се смета за вообичаена за новата градоначалничка администрација.

На средбата ќе се разговара за јавната безбедност, економската сигурност и агендата за прифатливост.