Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Слабостите и неправилностите во Агенцијата за филм се повторуваат

/

пред 318 дена

Сподели преку :

Државниот завод за ревизија утврди дека Агенцијата за филм и во 2024 година продолжува да бележи сериозни слабости и неправилности во работењето, слично како и во претходните години.

Презема повеќе обврски отколку што е одобрено со буџетот, нема стратегија за развој на филмската дејност, а системите за контрола и евиденција на проекти, фестивали и приходи се нецелосни и неажурирани.

Ревизијата исто така покажа дека конкурси за финансирање на филмски проекти се поништувани без законска основа, а договори се склучуваат без потребна документација и интерни процедури, што создава ризик од ненаменско користење на буџетските средства.

Капацитетот на кадарот е недоволен, а внатрешна ревизија и механизми за контрола речиси и да не постојат, стои во извештајот.

Дополнително, се наведува и дека Агенцијата не ги наплатува навреме надоместоците, не ја следи бруто добивката од завршените филмови и не учествува во сопственото финансирање, додека законските решенија за именување членови на филмскиот совет и банкарски гаранции се недоречени.

Ревизорите укажуваат на потреба од итни законски измени и подобрување на управувањето за да се обезбеди транспарентност и ефикасно користење на средствата.