Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

САД инсистираат на мировен договор во Украина до 27 ноември?

/

пред 327 дена

Сподели преку :

Украина е сè позагрижена поради можен притисок од американската администрација да прифати мировен план развиен од Вашингтон во соработка со Русија, објави „Фајненшл тајмс“ , цитирајќи украински претставници.

Според изданието, претседателот Доналд Трамп бара Киев да направи значителни отстапки кон Москва, што ќе влијаат на територијалните прашања , големината на украинските вооружени сили и нивните системи за оружје.Планот од 28 точки, одобрен од Трамп минатиот четврток , вклучува предлози што западните медиуми ги опишуваат како едни од најконтроверзните за Украина.

Во публикациите во европските и американските медиуми се објави дека нацрт-договорот предвидува предавање на целиот Донбас на Русија, замрзнување на линијата на фронтот во Херсонската и Запорошката област и намалување на вооружените сили на Украина за половина. Ваквите услови се сметаат за неприфатливи и политички нефункционални во Киев.

Изненадување во Киев – Зеленски се согласи да преговара за огромни отстапки кон Русија, мировниот план на САД изработен по директни преговори со Русија, ЕУ заобиколена