Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Амбасадата на Кина со остра реакција за средба на делегации на Македонија и на Тајпеј во собранието

/

пред 332 дена

Сподели преку :

Кинеската амбасада остро реагираше на средбата на потпретседателот на собранието, Антонио Милошоски со делегација на претставништво на Тајпеј во Италија, што се одржа во средата во собранието, а на која присуствувале и пратениците Фатмир Битиќи од СДСМ и Рашела Мизрахи од ВМРО-ДПМНЕ.

Кинеската амбасада во отворено писмо пишува дека „ова е тежок погрешен чин кој го крши принципот „една Кина“, политичка обврска што Македонија ја презеде при воспоставувањето на дипломатски односи со Кина и став што го потврдија претседателката Сиљановска-Давкова и претседателот на владата, Мицкоски, со што ја поткопува политичката основа на нашите билатерални односи. Исто така, испраќа погрешен сигнал до сепаратистичките сили кои се залагаат за „независност на Тајван“.

Амбасадата на Кина го изразува своето силно незадоволство и категорично противење, пишува во реакцијата на кинеската амбасада.