Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Петрушевска во Топ Тема: Собранието овој пат на поефикасен начин се обидува да ја изврши својата претставничка улога

/

пред 332 дена

Сподели преку :

Извештајот на ЕУ го опфаќа и делот на Собранието на државата. Марија Петрушевска, пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во Топ Тема зборуваше за имплементација на новиот деловник за работа на Собранието кој според извештајот на ЕУ е оценет позитивно.

„Она што оваа година може да се забележи е поефикасен начин на работа, но и други компоненти. Во овој извештај се забележува дека Собранието овој пат на поефикасен начин се обидува да ја изврши својата претставничка улога на Законодавниот дом. За првпат го имплементира новиот деловник за работа постигнат преку дијалогот на Жан Моне. Импактот од спроведувањето на самиот деловник ќе можеме да го видиме во наредниот извештај“ вели Петрушевска.

За првпат поради примената на новиот деловник, покрај редовните пратенички прашања, воведен е ѝ новиот инструмент на опозициски пратенички прашања.

Т.Д.